Достапни линкови

Чешкиот претседател против зголемувањето на ДДВ


Претседателот на Чешка, Вацлав Клаус, упати остри критики за зголемувањето на данокот на додадена вредност за 1 процент, на 15 и 21 насто, од јануари наредната година. Ваквиот потег, го нарече неразумен, и потег што ќе го гуши чешкото стопанство.
Зголемувањето на ДДВ за основните намирници од 14 на 15 проценти а кај сите останати стоки и услуги на 21 процент го предложи Владата, како дел од пакет- мерките за консолидација на јавните финансии и намалување на дефицитот во буџетот.
XS
SM
MD
LG