Достапни линкови

Престрелка меѓу сиријските и јорданските сили на границата


Во текот на изминатата ноќ дошло до престрелка меѓу сиријските владини сили и јорданската војска на меѓусебната граница, но јордански претставник денеска изјави дека нема повредени на нивна страна. Сиријски активист изјави дека до престрелката дошло кога бегалци од Сирија се обиделе да влезат во Јордан, а врз нив почнале да пукаат сиријските режимски сили, на што возвратила јорданската армија. Границата на Сирија со Јордан е една од главните рути на многубројните бегалци од сиријскиот конфликт. Во Јордан неделава пребега и сиријскиот премиер Риад Хиџаб.
XS
SM
MD
LG