Достапни линкови

Болт најави светски рекорд во трката 4x100 метри


Усаин Болт, кој на Олипијадата во Лондон ги освои златните медали во трките на 100 и на 200 метри, ќе биде во составот на штафетата на Јамајка во денешното финале во трката 4x 100 метри. Болт изјави дека тимот на Јамајка ќе атакува на светскиот рекорд во оваа дисциплина. Ќе трчаме колку што можеме побргу, но тоа е трка, има палка и никогаш не се знае. Можеме да постигнеме светски рекорд, изјави Болт.
XS
SM
MD
LG