Достапни линкови

logo-print

Самохран татко едвај ги чува двете деца


Сиромашното семејство на Николче Крстаноски од Велгошти. Децата Василијанчо и Благица.

Сиромашното семејство на Николче Крстаноски од Велгошти. Децата Василијанчо и Благица.

Без работа, без помош од државата и социјална помош, самохраниот татко Николче Крстаноски од Охрид води грижа за своите две малолетни деца.

Без работа, без помош од државата и социјална помош, самохраниот татко, 48-годишниот Николче Крстаноски од Охрид води грижа за своите две малолетни деца, 8-годишниот Василијанчо и 10-годишната Благица. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила живеат во трошна куќа во селото Велгошти без основни услови за живот, купатило и други работи. Посебна приказна Николчо вели дека е на зима, кога преживуваат со половина кубик дрва. За капење на двете деца користи шишиња со топла вода. Дополнителен проблем е грижата и за неговата 86-годишна мајка, за која вели дека бил одбиен за добивање нега за стари лица.
Работа немам никаква, социјална помош не примам поради местото на живеење. Од струшкото село Збажди сум, но живеам во Велгошти. Не плаќам кирија, живеам во напуштена куќа, целата се распаѓа, стара е ептен, веќе загрозена е куќата. Не ми земаат кирија, ме оставаат само да живеам. На зима, ако некој ми помогне нешто со половина кубик дрва. За јадење собирам пластични шишиња и ги продавам во отпад. Некој ако ме викне за полесна работа одам - работам. Збирав печурки, оваа година нема. За јадење е кризно, тешко. И струјата не е платена, дојдоа да ја исклучат па ги замолив и ме оставија. Имам многу сметки неплатени.

„Работа немам никаква, социјална помош не примам поради местото на живеење. Од струшкото село Збажди сум, но живеам во Велгошти. Не плаќам кирија, живеам во напуштена куќа, целата се распаѓа, стара е ептен, веќе загрозена е куќата. Не ми земаат кирија, ме оставаат само да живеам. На зима, ако некој ми помогне нешто со половина кубик дрва. За јадење собирам пластични шишиња и ги продавам во отпад. Некој ако ме викне за полесна работа одам - работам. Збирав печурки, оваа година нема. За јадење е кризно, тешко. И струјата не е платена, дојдоа да ја исклучат па ги замолив и ме оставија. Имам многу сметки неплатени“, вели Крстаноски.
Николче Крстаноски.

Николче Крстаноски.


Не можел да аплицира ниту за добивање социјален стан, бидејќи нема лична карта, а немал пари ниту да ги извади сите неопходни документи. Се обратил за помош до сите институции, но оттаму, како што вели, му рекле дека еднократна социјална помош повеќе не се доделува, а за социјална помош треба да ги поднесе сите документи, но пари за тоа нема. Бара помош за да го реши ова прашање.

„Јас барам да имам примања секој месец, не мора многу, но да имам секој месец примања. Најбитно ми е да завршам работа со документите и стан да земам. Останав на улица. Кај што живеам немам никакви услови. Нема ни купатило и струјата ќе ја исклучат. Да дојде комисија да види дека ни стока не живее тука. Стара е куќата многу. Еве девојчево од што спие во нечисто му се направија и некои мозолчиња. Немаме ни купатило, ништо немаме“, вели овој човек.

Благодарен е на сите хумани луѓе и Црвениот крст од каде добива помош. Мимоза Ставрева од охридскиот Црвен крст вели дека на сите социјални случаи им помагаат помалку или повеќе во зависност од можностите.

„Некои случаи заслужуваат и дискреција, меѓутоа потешко загрозените семејства немаат храна, кров на глава. Нашата помош се состои во храна, хуманитарни пакети за 4-члено семејство за еден месец, помош во облека“, вели Мимоза Ставрева од црвен крст Охрид.

Од Црвен крст Охрид велат дека во нивната евиденција биле регистрирани 390 социјално загрозени семејства од Охрид и Дебарца.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG