Достапни линкови

logo-print

САД со нови санкции против Хизболах


Соединетите Држави денеска ја ставија на црната листа милитантната група Хизболах поради нејзините врски со режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад. Според Вашингтон, Хизболах, кој има седиште во Либан, а е подржуван од Иран, има активна улога во конфликтот во Сирија на страната на режимот на Асад. Американскиот потсекретар на тероризам Дејвид Коен изјави дека сиријците и меѓународната заедница не треба да го занемарат учеството на Хизболах и неговиот патрон Иран во убиствата на илјадници цивили. Инаку, Хизболах е на американската листа на терористички организации од 1995-та година.

САД воведоа санкции и против сиријската државна компанија за нафта, Ситрол, бидејки го снабдува Иран.
XS
SM
MD
LG