Достапни линкови

ОН со повик до САД да прекинат да произведуваат биогорива


Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации Жозе Грацијано да Силва ги повика Соединетите држави привремено да го прекинат производството на биогорива од пченка со цел да се избегне кризата во снабдување со храна. Според американските закони, 40 насто од произведената пченка треба да се употреби за биогорива, што според Светската организација, е превисока квота. Рекордната суша и топлото време во Соединетите држави уништија поголем дел од годинашниот род на пченката што пак предизвика скок на цените на храната.
XS
SM
MD
LG