Достапни линкови

ЕУ расправа за спорот меѓу Шведска и Белорусија


Претставници на Европската унија денеска во Брисел одржуваат итен состанок за можните одговори во врска со протерувањето на шведските дипломати од Белорусија по скандалот со „плишаните мечиња“. Спорот почна кога една шведска фирма во минатиот месец исфрли над 800 мечиња играчки со продемократски пораки во Белорусија. Како одговор Минск ги протера шведските дипломати. Една од можните мерки на Брисел би можело да биде и препораката за затворање на сите амбасади на земјите членки на Унијата во Минск.
XS
SM
MD
LG