Достапни линкови

Скопје 2014 - проширен и надграден


Вчера беше поставен споменикот на Питу Гули во паркот „Жена борец“, како дел од проектот Скопје 2014.

Вчера беше поставен споменикот на Питу Гули во паркот „Жена борец“, како дел од проектот Скопје 2014.

Проектот секој ден во секој поглед се повеќе и повеќе напредува. Наскоро во Скопје 2014 ќе влезат и споменици на албански дејци.

Проектот Скопје 2014 е жива материја и не може да се знае дали ќе се надоградува со нови проекти и иницијативи, како што е и последната за поставување на пет нови споменици на Павел Шатев, Христо Татарчев, Питу Гули, Јосиф Багери и Неџат Аголи, велат од општина Центар.
За нас е битно дека проектот „Скопје 2014“ повеќе не е едноетнички проект, како што го наследивме од минатата влада 2006-2008 година, туку проектот „2014“ го рефлектира мултиетничкиот карактер на нашиот град.

Последниве пет споменици веќе се дадени на лиење во бронза во Италија и се очекува да бидат готови во рок од 6 до 18 месеци. Ќе бидат високи 5 метри со постамент од 3 метри, информираат од општината.
Вчера беа поставени скулптурите на „Мостот на уметноста“ , дел од проектот Скопје 2014.

Вчера беа поставени скулптурите на „Мостот на уметноста“ , дел од проектот Скопје 2014.


„За нас е битно дека проектот „Скопје 2014“ повеќе не е едноетнички проект, како што го наследивме од минатата влада 2006-2008 година, туку проектот „2014“ го рефлектира мултиетничкиот карактер на нашиот град“, вели портпаролот на владата од коалициската ДУИ, Мухамед Хоџа.

Од оптшина Центар појаснуваат и дека проектот 2014 се гради врз основа на иницијативи од министерства и институции и од поединци со издржано образложение кое треба да биде изгласано од советниците на општината.
На проектот 2014 навистина му е неопходна стручна и експертска ревизија.

Опозицијата не е информирана за новините, вели советникот во советот на град Скопје од СДСМ, Софија Куновска што го толкува како погрешно гледање на демократијата но и како на узурпација на моќта преку институциите. На продолженото надоградување на проектот гледа како на понатамошно компромитирање на квалитетните дела кои се претходно создавани.

„Со некакви вакви акции што мене ми наликуваат на купување книги на метар. Знаете, на еден квадратен километар да се постават стотина скулптури не е само рамно на невкус, туку е рамно и на лудост“.

На проектот, вели Куновска, му е неопходно тргање од партиски раце и стручна ревизија која би ја иницирала нејзината партија доколку дојде на власт.

„На проектот 2014 навистина му е неопходна стручна и експертска ревизија. Значи, врз основа на широка јавна расправа, врз основа на некои економски параметри, кои што сигурно ќе не детерминираат во одлуките, врз основа на консултација на поширока стручна јавност, би можеле да видиме што понатаму ќе се прави“, додава Куновска.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG