Достапни линкови

Австрија веќе нема да финансира олимпијци - "туристи"


Австрија веќе нема да подржува спортисти кои одат на Олимпијадите како туристи, изјави австријскиот министер за спорт, Норберт Дарабос, откако таа земја не освои ниеден медал на Олимписките игри во Лондон, за прв пат во последниве 50 години. Министерот најави измени во легислативата за финансисрање на спортистите, според кои, фокусот ќе биде ставен врз оние врвните, односно, врз оние кои можат да постигнат врвни резултати. Со новиот закон, Австрија веќе нема да спонзорира Олимписки туристи, изјави Дарабос. Австрија имаше 70 спортисти на Олимписките игри во Лондон, но за прв пат од 1964-та година, не освои ниеден медал.
XS
SM
MD
LG