Достапни линкови

Нов судски процес против екс министерот за внатрешни на Украина


На судскиот процес во Киев против бившиот украински министер за внатрешни работи, Јуриј Лутшенко, обвинителството денеска побара затворска казна од две ипол години. Ова е втор судски процес против Лутшенко, кој е обвинет за злоупотреби за време на истрагата во врска со труењето на поранешниот претседател Виктор Јушченко за време на претседателската кампања во 2004-та година. Во февруари годинава, Лутшенко веќе беше осуден на 4 години затвор за друго дело. Тој изјави дека е невин и оти судските процеси се политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG