Достапни линкови

Американската морнарица спасила ирански морнари во неволја


Американската морнарица соопшти денеска дека нејзини бродови во Персискиот Залив спасиле членови на екипаж на ирански брод кој се запалил. Осум од спасените членови биле Иранци, а двајца Пакистанци. Тие добиле медицински третман на американските бродови и со авион ќе бидат пренесени на воениот носач на авиони
„USS Enterprise“. Ова е седми пат во последните две години како американската морнарица спасува ирански морнари во неволја.
XS
SM
MD
LG