Достапни линкови

Техеран повика на сериозни разговори помеѓу сириската влада и опозицијата


Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.

Владините сили и бунтовниците во Сирија се уште се борат за Алепо. Но од таму стиаат контрадикторни информации за тоа кој ја контролира областа Салахедин.
Државната новинска агенција тврди дека силите на Асад ја повратиле контролата на таа област, но бутновниците соопштуваат дека извеле „тактичко повлекување“. Додека во Сирија се водат борби, во Иран се одржуваат разговори за тоа како да се стави крај на конфликтот. На состанокот присустуваат претставници од Русија, Кина, Пакистан, Венецуела, земји од Централна Азија и членки на Арапската лига.

Техеран, повика на сериозни разговори помеѓу сириската влада и опозицијата.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи рече дека Иран цврсто верува дека кризата во Сирија може да се реши само преку сериозни разговорите меѓу владата и опозицијата.
Министерот изјави дека Иран ги подржува напорите на ОН за решавање на кризата и отфрла било каква надворешна и воената интервенција во земјата.
XS
SM
MD
LG