Достапни линкови

Активни неколку пожари во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Пожарите кај село Радуша во општина Сарај и во Кучково општина Ѓорче Петров, се уште се активни, информираaт од Центарот за управување со кризи. Се уште е активен и пожарот над село Копанце, Тетовско, кој е проширен кон скопското село Радуша во должина од околу 7 километри. Активен е и пожарот во село Пресница, општина Липково. Пожарот се наоѓа на доста непристапен терен, па поради тоа е отежнато гаснењето, а во тек е и интервенцијата од воздух. Досега од овој пожар се зафатени повеќе од 50 хектари површина. Целосно локализиран е пожарот во атарот на село Гургурница, Тетовско.
XS
SM
MD
LG