Достапни линкови

Арбен Џафери се уште во тешка состојба


Арбен Џафери, почесниот претседател на ДПА, кој од вчера е во кома и се наоѓа на интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија, се уште е во тешка состојба и во бесознание, изјави доктор Владимир Мирчевски, дежурен неврохирург на Клиниката за неврохирургија.

Поранешниот претседател на ДПА повеќе години се лекува од Паркинсоновата болест, но според доктор Мирчевски најверојатно таа нема влијание на неговата состојба.

Џафери вчера бил примен на Клиниката, откако го пронашле во кома во неговиот дом во Тетово.

Поради здравствената состојба во 2007 година Арбен Џафери се повлече од лидерската функција по 12-годишно водење на ДПА, а за претседател на партијата беше избран Мендух Тачи
XS
SM
MD
LG