Достапни линкови

Три месеци нема анализи за хепатитис


Повеќе од три месеци не функционира ниту еден од трите апарати на кои се работат т.н писиер анализи со чија помош се прават потребните анализи неопходни за поставување дијагноза за луѓето заболени од Хепатитис.

Повеќе од три месеци поставувањето на дијагноза за лицата инфицирани од болеста Хепатитис Б и Ц во Македонија не може да се направи. Розалинда Исијановска од Невладината организација „Хепта“ од Скопје, која е членка на Светската хепатитис алијанса, вели оти лабораториските испитувања кои се вршат во МАНУ се целосно стопирани.
Јас се надевам дека што поскоро Министерството за здравство ќе го реши проблемот со МАНУ, или најдобро ќе се стават во употреба кои се наоѓаат под најлон на Институтот за јавно здравје и на Универзитетската инфективна клиника,

„Писиерот каде всушност се вршат квалитативните и квантитативните испитувања, барем за Хепатитис Ц, кванитативното ни го покажува количеството на вирусот во крвта кај пациентите, додека квалитатитвното го одредува генотипот. Без познавање на генотипот не може да се постави пациентот на терапија“, вели Исијановска.

Иако, апарати за Писиер анализи има и на Институтот за Јавно здравје и на Универзитеската клиника во Скопје, тие не работат, вели професор Исијановска.
Розалинда Исијановска.

Розалинда Исијановска.


„Јас се надевам дека што поскоро Министерството за здравство ќе го реши проблемот со МАНУ, или најдобро е да се стават во употреба тие кои се наоѓаат под најлон на Институтот за јавно здравје и на Универзитетската инфективна клиника“, вели Исијановска.
Лицата кои завршуваат со дијагностичката процедура во Скопје веднаш се вклучуваат на терапија во Охрид, што е проблем во другите градови во Македонија.

Според познавачите, и двата вируси се канцерогени и доколку не се лечат можат да преминат во карцином и цироза. За разлика од некои други градови, во Охрид веќе неколку години на Инфективното одделение успешно се третираат лицата инфицирани со Хепатитис Ц, изјави Царева Рувинова од Инфективното одделение во Охрид и претставник на невладината Опција

„Од 2005 година кога Пегазизот го имаме на нашето одделение во Охрид околу 38 пациенти се успешно истретирани од оваа болест. Лицата кои завршуваат со дијагностичката процедура во Скопје веднаш се вклучуваат на терапија во Охрид, што е проблем во другите градови во Македонија“, изјави Царева Рувинова од Инфективното одделение во Охрид.

Инаку добрата вест е што Македонија од Глобалниот фонд за заштита од Хепатитис доби големи финансиски средства во висина од 3 милиони евра за снабдување на неопходната терапија која ќе биде достапна на пациентите во земјава.

Околу 30.000 лица во Македонија се инфицирани од заразната жолтица тип Ц. Според институтот за јавно здравје, годишно околу 250 лица се инфицираат со тип Б, додека со тип Ц од 80 до 100 лица. Но тие се нереални бројки, вели Исијанова од Хепта.
XS
SM
MD
LG