Достапни линкови

Белорусија- новинарки казнети за „мечињата“


Две белоруски новинарки се казнети со парична казна од 360 долари затоа што објавиле фотографии со „мечињата“. Новинарките беа уапасени вчера во Минск, откако се сликале со шведските мечиња, за да ја искажат својата солидарност со блогерот Антон Сурапин и со бизнисменот Серхеј Башарумин. Тие беа уапсени минатиот месец поради нивната наводна вмешаност во инцидентот со мечињата кои од еден шведски авион паднаа во центарот на Минск. Тие беа со пораки за подршка на белоруските дисиденти и опозицијата. Белорусија го протера амбасадорот на Шведска минатата недела и објави повлекување на сите вработени од белоруската амбасада во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG