Достапни линкови

Нема веќе евтина храна во светот


Цените на храната во светот нагло пораснале во јули, откако претходните три месеци се забележуваше опаѓање, соопштуваат од ОН. Повисоките цени се должат на поскапите житни култури и на шеќерот. Поради сушите во САД цената на пченката е зголемена за 23 отсто, а цените на пценицата за 19 проценти поради лошите приноси во Русија.
Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во својот месечен извештај наведува дека храната на светско ниво поскапела за 6 проценти.
Од меѓународната организација Оксфам предупредуваат дека повисоката цена на храната ќе ги погоди најсиромашните. Оттаму предупредуваат дека веќе нема евтина храна во светот.
XS
SM
MD
LG