Достапни линкови

logo-print

Тимошенко ја чека уште едно обвинение


Украинското обвинителство планирало уште пред 16 години да поднесе обвинение против поранешната премиерка Јулија Тимошенко за убиство на член на парламентот. Ова во интерјву за украински весник го изјави јавниот заменик обвинител Ренат Кузмин. Тој додава дека обвинението ќе биде формализирано во целост кога ќе се подобри доволно здравствената состојба на опозициската лидерка за да се појави во суд.
Претседателот Виктор Јанукович во јуни сугерираше дека Тимошенко и биснисменот Јевен Шербан се вмешни во убиството на пратеник во 1996 година. Обвинителот Кузмин изјави дека Тимошенко ќе биде обвинета за неколку дела меѓу кои и „ нанесување на телесни повреди на службеник во притвор “. Таа веќе издржува казна затвор од 7 години, а следното рочишта за обвинението за даночно затајување е закажано на 14- ти август.
XS
SM
MD
LG