Достапни линкови

Потпишувањето на Рамковниот договор беше нужно, со тоа се стави крај на конфликтот, иако безбедносната ситуација не се смири веднаш, коментираат дел од тогашните власти.

Рамковниот договор кој беше парафиран на денешен ден пред единаесет години во Охрид, денес се сфаќа како договор со кој се влезе, условно речено, во мирна разрешница на конфликтот, иако лесно не се стигна до мирот.
Најбитно беше што се влезе во условно речено мирна разрешница на воениот конфликтот, иако автоматски потпишувањето не доведе до смирување на безбедносната состојба, но тоа беше во тој момент рационалното решение и победа на умереното крило во владата, тогаш претседателот Борис Трајковски како предводник на тој здрав разум кој преовладуваше кај дел од граѓаните на Македонија и силната подршка на меѓународната заедница.

Преговорите се пренесoа во Охрид за некои прашања кои се уште беа отворени, а во деновите пред неговото потпишување воениот конфликт дополнитално се заслуваше, атмосферата за време на преговорите веќе одамна е познато дека беше оцената како мачна и обременета со отворените прашања, а некои од преставниците на партиите кои учествуваа во нив покажуваа дека во нив влегле неволно

За ова од денешна дистанца одговори дава Владо Бучковски, кој тогаш беше министер за одбрана.
Тогашните лидери на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Џафери и Љубчо Георгиевски.

Тогашните лидери на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Џафери и Љубчо Георгиевски.


„Најбитно беше што се влезе во условно речено мирна разрешница на воениот конфликтот, иако автоматски потпишувањето не доведе до смирување на безбедносната состојба, но тоа беше во тој момент рационалното решение и победа на умереното крило во владата, тогаш претседателот Борис Трајковски како предводник на тој здрав разум кој преовладуваше кај дел од граѓаните на Македонија и силната подршка на меѓународната заедница.“

Колку отворените прашања биле големи за тогашната ситуација може да се види и од крвопролевањето кај Карпалак кога во заседа беа убиени прилепските резервисти, ден пред парафирањето на договорот.
Атмосферата доста се вжешти откако се случија Карпалак и убиството на командант Тели на Бит Пазар и тогаш бевме принудени некако по краткиот пат на преговори да се оди да се потпише рамковниот договор.

Исмет Рамадани повтори дека за време на преговорите во Охрид подршката од меѓународната заедница била силна.

„Атмосферата доста се вжешти откако се случија Карпалак и убиството на командант Тели на Бит Пазар и тогаш бевме принудени некако по краткиот пат на преговори да се оди да се потпише рамковниот договор. Се разбира со големо влијание на олеснуавачите од Меѓународната заедница и заслугите на Трајковски, неговата основна позиција беше само мирот и дека тоа е начинот на решавање на проблемот.“

И ДПА и ПДП беа преговарачи но го немаа легимититет зошто ОНА во тоа време беше воената страна која го вршеше притискот преку Меѓународната заедница да дојде до решенија за кои сметаа дека одговараат на зголемување на правата на малцинствата во тој момент. Бучковски вели клучните прашања биле околу начинот на кој ќе функционира во иднина државната администрација пред се инсистирањето да има локална полиција, што де факто би значело и федерализација на Македонија

„За тоа се водеа долги и тешки преговори. На крајот беше прифатен моделот на соодветна и правична застапеност“, вели Бучковски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG