Достапни линкови

Македонската борба продолжува!


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Македонија минувала и минува низ невообичаени предизвици, сложени меѓународни констелации, дипломатски игри и пропаганди, а проблемите се повторуваат.

"Жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденскат народна епопеја и Крушовската Република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жеждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска Република".
Панко Брашнаров, 02.08 1944 година

Зрелоста на еден народ се мери според неколку параметри. Прво во поставените идеали, потоа во упорноста и подготвеноста за жртвување. Поаѓајки од овие ОСНОВИ, ние Македонците, неколку пати сме се самопотврдиле. Како „раскрсница" на Балканот (старите велат дека на раскрсница куќа тешко се гради), Македонија минувала и минува низ невообичаени предизвици. Сложени меѓународни констелации и односи, дипломатски игри и пропаганди, иницирани внатрешни поделби дополнително ги искушувале нашите предци. Не е тоа самосожалување и лелекање. Проблемите со кои денес се соочуваме, а се исто така несекојдневни, потврдуваат и се повторуваат.
Избирајќи го Св. Илија како заштитник и рушејќи ги сите верски и национални бариери, илинденците биле подготвени да ја платат слободата на потомците и поколенијата. Сосем јасно и недвосмислено европскиот идентитет, високата демократска свест и слободарската идеја само доволно го потенцира Илинденското востание.

Кулминацијата во трпеливоста во остварување на целта - македонска држава, се двата Илиндена: Илинден 1903 и Илинден 1944. Тоа се два носечки столба на македонскиот непокор и реализација. Континуитетот меѓу нив е носечката греда. И во 2012 година силно мора да се навратиме во околностите кога тие се случија. Да согледаме кога било потешко, а и да се соочиме со долгот, кој на одредено време ни е предаден.

Во бурниот 19-ти век во време на градење на национални држави, раѓањето на нациите, македонскиот народ односно неговите предводници ја поставиле македонската национална програма. На историскиот датум 23.10 1893 година, предводниците на македонската интелегенција (МРО) се јавија како двигател за да ги потикнат народните маси да го следат примерот, да ја следат целта. Македонските револуционери во она време си поставија цел „автономна Македонија“ како преодна фаза до независна македонска држава. Во многу ненаклонети околности и со малку подржувачи однадвор македонските дејци започнале да испишуваат историја. Дури и смртта ја разбирале како придружничка, како меѓник на борбата. Избирајќи го Св. Илија како заштитник и рушејќи ги сите верски и национални бариери, илинденците биле подготвени да ја платат слободата на потомците и поколенијата. Сосем јасно и недвосмислено европскиот идентитет, високата демократска свест и слободарската идеја само доволно го потенцира Илинденското востание.

Крушевскиот манифест ги истакнувал сите овие компоненти на Македонците. Текстот на манифестот толку јасно го одбележува нашиот бит. Секој без разлика на религијата, националниот и социјалниот статус, бил повикан да се вклучи во борбата против "от тие наши и ваши душмани".
Желбата за соживот и рамноправност паралелно со појавата на Републиката и дава на македонската борба поинаков поглед. И денес би било добро секој семинар за демократија и демократски вредности, толеранција да почнуваат со цитати од Крушевскиот манифест.

Иако Големите сили и балканските соседи не веруваа односно не го подржувале Илинденското востание, македонскиот народ ги здобил симпатиите на светската прогресивна јавност. Со изразена подршка преку протести, митинзи со делувањето на Толстој, Горки, Анатол Франс слободољубивата европска јавност ја разбра пораката која доаѓала од Македонија. Илинденското востание како фрлено камче во бара ги изразувало стремежите кои допрва требало да се остварат.

Од крвта на паднатите илинденци и борци од Народноослободителната војска се бележи почетокот на современа Македонија. Кога било потешко, дали во време на првиот и вториот Илинден, кога немало држава со сите особености? Кога животот бил незначаен, а целта севишна? Или денес. Ниту еден проблем, ниту еден спор денес не е понеиздржлив од тогаш.

На 2 август 1944 камбаните на манастирот Св. Прохор Пчињски ја наговестувале новата реалност - создавањето на современата македонска држава. Делегатите на собранието пристигнувале од сите делови на Македонија, со ора и песни го славеле тој свечен чин. Присуството на странските делегации од земјите сојузнички го потврдиле легитимитетот кој меѓународната заедница и го давала на македонската борба. Големото име, Методија Андонов Ченто бил избран за претседател на Президиумот на АСНОМ, а за потпретседатели Емануел Чучков и Панко Брашнаров. За првпат македонскиот јазик се вовел како службен јазик во Македонија. И повторно се гарантирале правата на граѓаните со посебна Декларација.

Од крвта на паднатите илинденци и борци од Народноослободителната војска се бележи почетокот на современа Македонија. Кога било потешко, дали во време на првиот и вториот Илинден, кога немало држава со сите особености? Кога животот бил незначаен, а целта севишна? Или денес. Ниту еден проблем, ниту еден спор денес не е понеиздржлив од тогаш. Зошто тие немаа никој, а ние го имаме нивното.
Заеднички се препреките и несогласувањата. Но наша е надежта дека ќе изнајдеме најмногу она што не спојува, добробитта на Македонија.
Зошто Илинден не прави должници и ни причинува радост? Затоа што сеуште се слуша јуришот на македонскиот борец, затоа што сеуште одекнува тропотот на Февруарскиот поход.
XS
SM
MD
LG