Достапни линкови

Шест активни пожари во Македонија


На територијата на Македонија активни се шест пожари во Скопско, Тетовско и Кумановско. Во атарот на скопското село Кучково во општина Ѓорче Петров синоќа изби пожар на кој до полноќните часови интервенираше Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и претставници од локалната самоуправа. Активни се пожарите кај селата Радуша и Рашче, како и во атарот на селото Гургурница. Пожар има и над селото Копанце каде што гори нискостеблеста шума и сува трева. Активен пожар има и во селото Пресница, општина Липково. Зафатена е дабова шума, бука и габер. Под контрола е ставен пожарот во атарот на селото Танушевци.
XS
SM
MD
LG