Достапни линкови

САД заедно со Шведска за човековите права во Белорусија


Соединетите држави соопштија дека се заедно со Шведска во нејзините напори за промовирање на човековите права во Белорусија во спорот кој доведе до затворање на белоруската амбасада во Стокхолм и до протерување на шведските дипломати од Минск. Стејт департментот оцени дека тоа ќе придонесе за натамошно самоизолирање на Белорусија. До спорот меѓу двете земји дојде откако шведски активисти со мал авион фрлиле стотици плишани мечиња со продемократски пораки. Белорусија е под санкции на Европската унија поради репресија на опозицијата и граѓанскиот сектор во таа земја.
XS
SM
MD
LG