Достапни линкови

logo-print

Андерграунд секта во Татарстан


Во полициска акција во руската република Татарстан била откриена муслиманска секта која живеела под земја. Неколкумина нејзини членови се обвинети за злоупoтреба на деца. Некои од нив никогаш не виделе сонце.

Најмалку четворица членови на една муслиманската секта во Татарстан се обвинети за злоупотреба на деца. Имено, тие држеле десетици деца под земја без греење, сончева светлина или пристојна вентилација, речиси 10 години.

Според информациите, 83-годишниот лидер на сектата Фаизрахман Сатаров е обвинет за „самоволие“.

Властите најдоа околу 70 луѓе кои живееле во подземен бункер, вклучувајќи 27 деца и 38 возрасни во бедни катакомби, налик на ќелии, ископани на 8 нивоа под куќата на Сатаров.
Руската веб страница Ислам њуз наведува дека Сатаров се прогласил за исламистички пророк во средината на 60 години од минатиот век откако електричните искри од тролејбуски кабел ги окарактеризирал како божја светлина.

Некои од децата биле родени во подземните бункери и никогаш не виделе дневна светлина. Најмалото има 18 месеци, а најстарото е 17 годишна девојка, која е бремена.

Руското обвинителство најави дека ќе побара забрана на сектата доколку продолжи да им забранува на членовите да бараат медицински третман или да одат во училиште.

Се наведува дека судот треба да реши и тоа дали деца ќе останат заедно со нивните родители.

Сектата чии членови се нарекуваат „мумини“, од арапскиот збор за верници, беше откриена во едно предградие на Казан на 1 август за време на истрагата по последните напади врз муслимански свештеници во Татарстан.

Руската веб страница Ислам њуз наведува дека Сатаров се прогласил за исламистички пророк во средината на 60 години од минатиот век откако електричните искри од тролејбуски кабел ги окарактеризирал како божја светлина.

Други медиуми јавуваат дека тој својата куќа ја прогласил за независна Исламска држава и оти не ја признава Русија како држава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG