Достапни линкови

Тимошенко нема да ја предводи опозициската изборна листа


Јулија Тимошенко

Јулија Тимошенко

Изборната комисија на Украина одби да ја запише поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која се наоѓа во затвор, како носител на листата на главниот опозициски блок на изборите закажани за 28 октомври. Десет од 15-те членови на комисијата гласаа за оваа одлука, а отфрлено е и барањето петти на таа листа да биде поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко, кој исто така се наоѓа во затвор.
Еден од членовите на комисијата изјави дека според законот Тимошенко и Луценко немаат право да учествуваат на изборите, затоа што издржуваат казна затвор.
XS
SM
MD
LG