Достапни линкови

Во Техеран состанок за Сирија


Денеска во Техеран ќе биде одржан министерски состанок на земјите кои, како што се вели во информацијата од Иран, имаат „пореалистичен“ однос спрема Сирија, без да се прецизира за кои држави станува збор. Иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин Абдолах изјави дека на консултативниот состанок ќе присуствуваат министри на земји кои имаат значајна улога во регионот и во светот. Во меѓувреме, претставник на руското министерство за надворешни работи соопшти дека на овој состанок, доколку биде одржан, ќе присуствува и амбасадорот на Русија во Иран.
XS
SM
MD
LG