Достапни линкови

Борбите во Сирија продолжуваат, расте бројот на бегалци


Сириските бунтовници соопштија дека го контролираат Салахедин, јужното предградие на Алепо, во период на интензивирани борби со владините сили. Опозициските борци тврдат дека силите на сириската армија не можат да напредуваат и покрај повеќедневните борби во кои користат тенкови, тешка артилерија, хеликоптери и воени авиони.
Од друга страна, сириската државна телевизија јавува дека владините сили влегле во Салахедин, убивајќи ги повеќето бунтовници што се наоѓале таму, како и дека влегле и во други делови на градот.
Поради тешките борби што се водат во Салахедин, деновиве е регистрирано зголемување на бројот на бегалци кои преминуваат во Турција.
XS
SM
MD
LG