Достапни линкови

Новоизбраниот парламент ја презеде власта во Либија


Првиот човек на преодниот совет Мустафа Абдел Џалил

Првиот човек на преодниот совет Мустафа Абдел Џалил

Либискиот владејачки совет му ја предаде власта на новоизбраното национално собрание, што претставува прва мирна транзиција на власта во модерната историја на земјата. Преминот на власта беше реализиран на церемонија во Триполи под големи безбедносни мерки. Членовите на Конгресот, избрани во јули, положија заклетва предводени од најстариот меѓу 200-те пратеници Мухамад Али Салим. Парламентот ќе наименува нов премиер, ќе носи закони и ќе ја раководи земјата кон целосни парламентарни избори, откако ќе биде донесен новиот устав во идната година.
XS
SM
MD
LG