Достапни линкови

Обвинение за злоупотреба на деца за „катакомба“ сектата


Најмалку четворица членови на муслиманската „катакомба“ секта во Татарстан се обвинети за злоупотреба на деца, поради држењето на десетици деца под земја без греење, сончева светлина или пристојна вентилација, речиси 10 години. Според информациите, 83-годишниот лидер на сектата Фаизрахман Сатаров е обвинет за „самоволие“.
Властите најдоа околу 70 луѓе кои живееле во подземен бункер, вклучувајќи 27 деца и 38 возрасни во бедни катакомби, налик на ќелии, ископани на 8 нивоа под куќата на Сатаров. Некои од децата биле родени во подземните бункери и никогаш не виделе дневна светлина. Најмалото дете има 18 месеци, а најстарото е 17-годишна девојка, која е бремена.
XS
SM
MD
LG