Достапни линкови

11 загинати во експлозија на автомобил бомба во Ирак


Во експлозија на бомба поставена во автомобил во Ал Танмијах, 50-на километри јужно од главниот град на Ирак, Багдад, загинале 11 лица, а 40 биле ранети. Според официјални претставници, експлозијата се случила во близина на шатор во кој се наоѓале шиити на зајдисонце, време кога се прекинува рамазанскиот пост. Агенциите пренесуваат дека во последните месеци во Ирак е забележано зголемување на секташкото насилство во екот на се потешката политичка напнатост.
XS
SM
MD
LG