Достапни линкови

logo-print

Рускиот јазик доби повисок статус во Украина


Јанукович и Путин.

Јанукович и Путин.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска го потпиша закон со кој се подига статусот на рускиот јазик во оваа поранешната советска република. Од Канцеларијата на Јанукович соопшија дека претседателот на Украина го потпишал контроверзниот закон. Законот во голема мера ја проширува употреба на рускиот јазик во Украина, но не му дава ист статус како и на украински јазик. Овој потег разлути многумина во Украина кои сметаат дека со законот слабее суверенитетот на земјата во обид Украина да му се „допадне“ на големиот сосед Русија.
XS
SM
MD
LG