Достапни линкови

За одмор платиле, ама одмор не добиле


Дел од измамените туристи.
Дел од измамените туристи.

Група прилепчани се жалат дека една туристичка агенција од градот ги измамила и тие останале без платените аражмани или пак морало да доплаќаат во хотелите.

Прилепчанецот Дарко Глигороски со своето семејство и едногодишно дете планирал ова лето да летува во Грција. Тој целата сума за 10 дневно летување ја уплатил во агенцијата „Виаџо“ во Прилеп и наскоро требало да замине на годишен одмор, убеден дека се е во ред. Но, сосем случајно чул дека група туристи кои преку истата агенција тргнале на летување во Шпанија се вратиле назад, зашто на аеродром им биле побарани доплати за авиобилетот, а оние кои го решиле овој проблем, немале каде да се сместат во Палма Де Мајорка, или едноставно аранжманите биле двојно покуси, од оние што ги уплатиле.
Се посомневавме дека се работи за измама и на тој начин одма дојдовме да ги побараме парите. Таа вели„ пари немам“. Каде отидоа парите, еве сто души има тука кои и бараат пари.
Иван Котески, измамен турист.

Григороски се посомневал и решил да провери во хотелот каде наводно имал резервација. Неговите сомнежи се потврдиле на списокот на гости, не стоеле имињата на неговото семејство. Вели неговиот не е изолиран случај.
Измамен турист.
Измамен турист.

„Значи имаше трудна жена тука, да патува за Италија, мислам дека Венеција беше, чекаме да ни ги вратат парите“,вели Глигороски.

На односот на надлежните од истата агенција се жалат и други туристи. Се сомневаат дека се измамени и дека сумите кои ги уплатиле во кеш со каса прими, не се легнати на сметките на хотелите во странство. Затоа што велат, нема резервации со нивни имиња.

„Се посомневавме дека се работи за измама и на тој начин одма дојдовме да ги побараме парите. Таа вели „ пари немам“. Каде отидоа парите, еве сто души има тука кои и бараат пари“, реагира и Иван Котески, кој сакал да се одмара на Балтичкото Море.

А, Љупчо Трпкоски бил принуден да го прекине летувањето. Наместо 10 дена, тој вели дека било уплатена двојно помала сума во хотел во Грција, па за тројца им била побарана доплата од 1.700 евра. Револтиран само што се вратил во Македонија, тој веднаш тропнал на вратите од агенцијата, каде што и многумина други, си ги бараа уплатените пари.

„Кога појдовме таму, значи половина од средствата не беа платени. Сега си дојдовме и ни бараа пари да ги платиме. Одвај некако со молење не пуштија да си дојдиме. Последната сума од 1.700 евра требаше да се уплати“, вели Трпкоски.
Уплатив онолку пари колку што се бараа, меѓутоа до денеска, иако на праг сум да заминам на одмор, немам добиено никакви документи со кои јас можам да се легитимирам кај угостителските организации, во коишто требаше да се летува.

Револтирани од ова крајно непријатно искуство летувалците ангажираа адвокат, којшто тврди дека се работи за класичен пример на измама. Случајот го пријавиле во полиција, па сега очекуваат заедно со Обвинителство да се покрене истрага и случајот да добие судска разрешница.

„Уплатив онолку пари колку што се бараа, меѓутоа до денеска, иако на праг сум да заминам на одмор, немам добиено никакви документи со кои јас можам да се легитимирам кај угостителските организации, во коишто требаше да се летува“, вели адвокатот Стеван Аценски, правен полномошник на туристите кои најавуваат дека ќе бараат обештетување.

А, сопственичката на агенцијата, Јасмина Јорданоска тврди дека никој од туристите не е оштетен, ни измамен. Вели настанале првин проблеми со интернационалната веб страница букинг. ком, преку која не можеле да ги потврдат резерваците. Исто така проблем било непредвиденото зголемување на цената на авио билетите. Па, за избегнат нови проблеми и со другите туристи Јорданоска вели ги повикала сите и им соопштила дека ќе ги откаже нивните резервации. На претходната група им биле исплатени и повеќе од уплатените пари, а во најкус можен рок како што најави ќе им бидат вратени парите и на останатите граѓани. Некои уплатиле по 500, но други и по 3.500 евра за аранжман.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG