Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ побара Белорусија да не го тужи блогерот за „мечињата“


Блогерот Антон Сурапин.

Блогерот Антон Сурапин.

Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, побара белоруските власти да се откажат од тужбата против блогерот Антон Сурапин. Тој се соочува со затворска казна од 7 години поради поставувањето на фотографии од мечињата кои беа фрлени од авион во Белорусија. Сурапин беше уапсен веднаш по објавувањето на фотографии на мечињата кои од еден шведски авион паднаа во Минск. Мечињата беа придружени со текстови за поддршка на белоруските дисиденти и за опозицијата во земјата.
За случјаот со Мечињата, Белорусија го протера шведскиот амбасадор минатата недела, а денеска објави дека ги повлекува сите вработени во белоруската амбасада во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG