Достапни линкови

Сега рибата нека им „смрди“ на концесионерите


Надлежните институции кои не го спречија рибокрадството, за да не се фрли вината на нив, пред избори го дадоа Охридско езеро на концесија, велат охридските риболовци.

Државата целосно ќе го контролира новиот концесионер на Охридското езеро, фирмата „Пастрмка 2012“, најави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанаство Зоран Коњановски. Тој рече оти владата со ова очекува да се регулира и пазарот на продажба на риба во Македонија, односно продавачите на црно да бидат минато.
Многу често случувало да бараме од министерството да престане ловот. Истите правила остануваат и важат, а поважно е и тоа што концесионерот ќе биде под лупа, бидејќи прво ќе мора да се оправда себеси, да го оправдаме она што сме го предложиле, но сепак треба да се има предвид дека оние количини кои се таму напишани се менлива категорија.
Зоран Спиркоски, Хидробиолошкиот институт во Охрид.

„Точно ќе се знае концесионерот од кои места во езерото и од кои пунктови ќе влегува во езерото, точно ќе се знаат чамците кои ќе бидат видно одбележани кои ќе можат да вршат стопански лов. Точно ќе се знаат и видно ќе се одбележани и рибарските служби како и стражарските служби. Со ова на многу едноставен начин ќе контролираме колку концесионерот годишно ќе врши излов на риба“, вели заменик министерот Коњаноски.

Концесионерот првата година ќе има право да улови 2 тони охридска пастрмка и 250 тони плашица. Според риболовната основа, ловот на пастрмка секоја година ќе се зголемува и во последната 6-та година од концесискиот договор дозволеното количество достигнува до 20 тони.

Зоран Спирковски од Хидробиолошкиот институт во Охрид вели оти тие како институција перманентно ќе ја следат со рибниот фонд во езерото.

„Многу често се случувало да бараме од министерството да престане ловот. Истите правила остануваат и важат, а поважно е и тоа што концесионерот ќе биде под лупа, бидејќи прво ќе мора да се оправда себеси, да го оправдаме она што сме го предложиле, но сепак треба да се има предвид дека оние количини кои се таму напишани се менлива категорија“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие за секој случај го дадоа езерото на концесија.
вели Радован Димитриевски претседател на Спортските риболовци од Охрид.

Радован Димитриевски претседател на Спортските риболовци од Охрид кои се против издавањето на Охридското езеро под концесија вели дека сега не им останува ништо друго освен правдата да ја бараат пред Меѓународните институции. Јасно е вели тој зошто државата го даде езерото под концесија.

„Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие за секој случај го дадоа езерото на концесија, Мене не ми е јасно како владата вложи околу 6 милиони евра за заштита на езерото и за вештачки мрест, а сега на некој му се дозволува за 33.000 евра да го уништува рибниот фонд“, вели Димитриевски.

Охридското езеро за стопански риболов државата го даде под концесија за наредните 6 години. И екологистите и спортските риболовци сметаат дека со овој чин рибниот фонд езерото ќе биде уништен за наредните 50 генерации.
XS
SM
MD
LG