Достапни линкови

Авганистанскиот мировен преговарач ја откажа посета на Пакистан


Авганистански мировен преговарач Салахудин Рабани.

Авганистански мировен преговарач Салахудин Рабани.

Авганистанскиот мировен преговарач Салахудин Рабани ја откажа посета на Пакистан, но е е позната причината за ваквиот чекор. Тамошните власти соопштија дека тој требало да се сретне со пакистанското раководство и побара помош во преговорите со Талибанците. А требало да побара и ослободување на талибанскиот лидер Мула Абдул Гани Барадар, за кој Авганистанците веруваат дека може да помогне во процесот на помирување. Рабани ја доби поканата за посета на Пакистан од страна на премиерот Раџа Первез Ашраф, кој беше во Кабул во јули.
XS
SM
MD
LG