Достапни линкови

Хјуман рајтс воч го осуди „ловот’ на имигранти во Грција


Хјуман рајтс воч денеска остро го осуди „ловот’ на имигранти во Грција кои немаат документи.
Грција има право да применува закони за имиграција и по праведна процедура да ги протера од земјата оние кои немаат документи за престоj, изјави претставник на Организација. Но Грција нема право да ги третира луѓето како криминалци и да „претпоставува“ дека имаат нерешен статус врз основа на расна или етничка припадност, велат од Хјуман рајтс воч.
Грчката полиција за време на викендот приведе повеќе од 6.000 луѓе поради сомневање дека нелегално влегле во земјата. Повеќе од 1.600 ќе бидат вратени во земјите од каде што дошле.
XS
SM
MD
LG