Достапни линкови

logo-print

Вембли распродаден за женското финале во фудбал


Фудбалското финале за жени меѓу САД и Јапонија, утре на полн стадион, што ќе биде рекорд на посетеност на женски фудбал.

Финалето на фудбалскиот турнир за жени на Олиписките игри во Лондон, на Вембли ќе го следат рекрорден број навивачи, откако денеска беа продадени сите билети. На натпреварот за златниот медал меѓу Соединетите Американски Држави и Јапонија ќе има најмалку 83.000 гледачи, што е рекорд за посетеност на фудбалски натпревар на жени.

Билетите се распродадоа откако во полуфиналето САД ја победи Канада со 4 спрема 3 во продолжението, а Јапонија беше подобра од Франција со 2 спрема 1. Претходно рекордот на посетеност на женски фудбал на Олимписки игри беше постигнат во 1996-та година на Олимпијадата во Атланта, на финалниот натпревар меѓу Соединетите Држави и Кина, кога присуствуваа 76.489 фанови.

Претставник на ФИФА изјави дека се воодушевени од огромниот интерес на навивачите за фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон, а особено од интересот за оној во женска конкуренција. Критичарите сметаа дека фудбалот не треба да биде застапен на Олипијадите доколку златниот медал од Олипијадата не е толку атрактивен како освојувањето на Светскиот куп, на пример.

Утрешното финале меѓу САД и Јапонија е всушност и своевидна можност за реванш на американските репрезентативки, кои пред една година, во финалето на Светското првенство за жени во Франкфурт, загубија од Јапонија по изведувањето на пенали.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG