Достапни линкови

Белорусија го повлече целиот персонал од амбасадата во Стокхолм


Министертвото за надворешни работи на Белорусија соопшти денеска дека го повлекува преостанатиот персонал од нејзината амбасада во Шведска поради тензиите меѓу двете земји поради фрлањето плишани мечиња во Белорусија. Истовремено е побарано од Стокхолм да ги повлече своите дипломати од Минск. Белорусија го протера шведскиот амбасадор во минатата недела поради тоа што на 4-ти јули, мечиња играчки со про-демократски пораки беа фрлани од мал авион на една шведска компанија во делови од Минск. За вмешаност во овој случај властите во Белорусија обвинија и двајца белоруски активисти.
XS
SM
MD
LG