Достапни линкови

И новиот премиер на Пакистан под удар на Уставниот суд


Уставниот суд во Исламабад

Уставниот суд во Исламабад

Пакистанскиот премиер Первез Ашраф добил наредба денеска да се појави пред Уставниот суд на 27-ми овој месец за да објасни зошто не превзел ништо во врска со истрагата за корупција против претседателот Али Зардари. Пред два месеца, Уставниот суд го прогласи за виновен претходниот премиер Јусуф Раза Гилани, поради непревземање ништо во врска со истиот случај и го разреши од функцијата. Судот бара од премиерот да напише писмо до властите во Швајцарија со барање за повторно отворање на случајот со корупција против претседателот Зардари. Пакистанската влада смета дека претседателот има имунитет и одбива да превземе акција против него.
XS
SM
MD
LG