Достапни линкови

Од олимписки негативец до херој


архива
архива

Алжирскиот атлетичар Туфик Махлуфи од Олимписки измамник за 36 часа стана освојувач на златниот медал во трката на 1500 метри.

Станува збор за една од најбизарните приказни на Олимписките игри во Лондон.
Махлуфи пред да го освои златниот медал беше дисквалификуван од сите трки откако Меѓународниот Олимписки комитет оцени дека тој не се трудел искрено и доволно на трката на 800 метри.

Имено, тој во понеделникот ја напушти патеката на таа трка по изминати само 200 метри. Махлуфи мораше да учествува на таа трка, бидејќи алжирците заборавиле да го повлечат од списокот во предвидениот рок.

Според распоредот, финалната трка на 1500 метри, за која тој е специјалист, се одржува на само два часа по полуфиналните трки на 800 метри.

Сепак, подоцна Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека дисквалификацијата е отповикана откако два независни доктора потврдиле дека Махлуфи се повредил, но оти повредата би можело да биде санирана во наредните 24 часа.

Притоа не се спомнува за каква повредува станува збор, а Махлуфи не покажа никаков знак на болка кога тој убедливо ги победи неговите ривали Лајонел Манцано од Соединетите држави на второто и Абдалати Ингуидер од Мароко на третото место.

,,Тоа е Божја волја. Вчера бев исфрлен, а денес...Се концентрирав на мојата трка и не мислев на ништо друго,, изјави тој по трктата, додавајќи дека имал проблеми со левата нога која најверојатно, како што рече, би требало да му биде оперирана.

Олимпискиот шампион од 2008 Асбел Кипроп од Кенија кој остана последен поради проблеми со тетивата немаше забелешки за тоа што на Махлуфи му било дозволено да се трка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG