Достапни линкови

Дваесет мртви во воздушен напад на Египетската армија


Египетскиот претседател Мохамед Морси во посета на градот Ал Ариш

Египетскиот претседател Мохамед Морси во посета на градот Ал Ариш

Египетски безбедносни официјални лица соопштија дека армијата истрелала проектил врз осомничени исламски милитанти во Синај откако претходно се случиле симултани напади на три безбедносни контролни пунктови. Тоа е прв пат Египетската армија да истрела проектил во оваа областа од војната со Израел во 1976 година за Синајскиот полуостров. Ракетните напади се случиле неколку часа по нападите на милитантите во близина на градот Ал-Ариш на околу 50 километри од границата меѓу Газа и Израел. Официјални лица велат дека еден воен офицер, двајца војници, двајца полицајци и еден цивил биле повредени од страна на милитантите.
Државните медиуми соопштуваат дека во нападите загинале 20 лица. Во неделата, милитантите убиле 16 припадници на граничната полиција. Египетскиот претседател Мухамед Морси вети дека ќе ја преземе "целосната контрола врз Синај и изјави дека милитантите ќе "платат скапо."
XS
SM
MD
LG