Достапни линкови

72 проценти од граѓаните на Косово го поддржуваат членството во ЕУ


Доколку на Косово биде организиран референдум за членство во Европската унија 72 проценти од граѓаните би го поддржале членството, покажуваат резултатите од истражувањето, кое го спроведоа косовското Министерство за европски интеграции и Канцеларијата на ЕУ. Околу 90 проценти од испитаниците сметаат дека е мошне важно да се обезбеди зајакнување на врските со ЕУ. Повеќе од 70 отсто ја гледаат интеграцијата во ЕУ како можно решение на постоечките проблеми во стопанството, патувањата, корупцијата, обезбедување на иднина за младите и напредок во областа на земјоделството. Истражувањето е извршено на примерок од 1.500 лица, од сите националности.
XS
SM
MD
LG