Достапни линкови

Англиската црква ги продаде акциите во компанијата на Мурдок


London, 19Jul2011

London, 19Jul2011

Англиската црква соопшти дека ги продава своите акции во Нјуз Корп на Руперт Мурдок, поради начинот на кој таа компанија се справувала со скандалот околу прислушкувањето на телефоните. Верските лидери наведуваат дека не се задоволни бидејќи Нјуз Корп не покажала доволна посветеност на реформите во работата, а магазинот News of the World, илегално ги прислушкувал разговорите.Официјалниот претставник на црквата Ендру Браун изјави дека одлуката за продажба на акциите вредни три милиони долари е донесена по разговорите на водствотот на кпомпанијата со членовите на одборот за етичко инвестирање на англиската црква.
XS
SM
MD
LG