Достапни линкови

logo-print

Грција ги укинува пензиите на албанските Грци


Грчката Влада најави дека повторно ќе укинува пензии што ги добиваат припадници на грчкото малцинство во Албанија. Според најавите, ќе бидат укинати 2.800 пензии во Бирото за земјоделско осигуруањ од каде пензии остваруваат стотици Грци од Албанија.
Со нивното укинување грчката држава ќе заштеди околу 14 милиони евра годишно, изјави грчкиот министер за труд Јанис Вруцис.
Како што јавуваат албанските медиуми, лани пензии им беа укинати на 3.500 албански Грци со образложение дека во предвидениот законски рок не ја доставиле бараната документација. Грчката држава најави укинување и на т.н. лажни пензии. Во Грција, според податоците 20.000 корисници добивале пензија врз основа на лажни документи, оштетувајќи го пензискиот фонд за 120 милиони евра годишно.
XS
SM
MD
LG