Достапни линкови

logo-print

Во Авганистан продолжуваат нападите „зелени-на-сини“


Од НАТО соопштија дека две вооружени лица облечени во униформи на авганистанската национална армија пукале кон припадниците на Алијансата, при што загинал еден американски војник. Од Алијансата соопштија дека настанот се истражува. Ова е уште еден од случаите така наречен „зелени-на-сини“, кога авганистански војници или бунтовници маскирани во нивните униформи пукаат на војници на НАТО. Годинава повеќе од 25 војници на НАТО се убиени во такви напади, а минатата година имало 20 такви случаи.
XS
SM
MD
LG