Достапни линкови

Асад решен да ја исчисти земјата од терористи


Сирискиот претседател Башар ал-Асад и иранскиот пратеник Саид Џалили.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад и иранскиот пратеник Саид Џалили.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска изрази решеност да го задуши бунтот против неговиот режим што трае веќе 17 месеци, објави државната сириска новинска агенција САНА. На средбата со иранскиот пратеник Саид Џалили, Асад рече дека сирискиот народ и неговата влада се решени да ја исчистат земјата од терористите.

Џалили, кој е пратеник на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека Иран ќе остане на страна на сирискиот режим. Сириската телевизија објави дека Асад и Џалили разговарале за „билатералните односи“ и за „ситуацијата во регионот“. Иранскиот пратеник рече дека решението за сириската криза мора да дојде низ национален дијалог од самата земја, а не со интервенција од страна.

Техеран е главен сојузник на Сирија во регионот и ги обвинува САД, Саудиска Арабија, Катар и Турција дека им помагаат на бунтовниците што се обидуваат да го соборат режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG