Достапни линкови

Клинтон- треба да се направи план што после Асад


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска оцени дека бегството на сирискиот премиер и на другите високи претставници на власта во Дамаск покажува дека планирањето на „ денот после Асад“ станува се поитна работа. Клинтон вели дека САД и другите земји сакаат да бидат сигурни дека институциите во Сирија нема да бидат допрени откако Асад ќе ја изгуби власта. Таа изјави дека е императив да се работи во правец на тоа да се направи добар план за пренос на власта. Клинтон во сабота ќе патува во Турција на разговор со тамошните власти за состојбите во Сирија.
XS
SM
MD
LG