Достапни линкови

„Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг за Србија


Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг за Србија.
Агенцијата го намали рејтингот на Србија за еден степен до ББ минус, а како делумна причина го посочи затегнувањето на владината контрола врз Централната банка и покрај критиките на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Перспективата на рејтингот на Србија е негативна, поради влошувањето на состојбата на надворешниот дефицит и фискалниот дефицит, како и поради несогласувањата поврзани со Централната банка.
Курсот на динарот падна на рекордно ниско ниво во однос на еврото.
По оставките на гувернерот на Централната банка Дејан Шошкиќ и неговиот заменик Бојан Марковиќ, оставки поднесоа и тројца од вкупно петте редовни членови на Управниот совет на Банката, вклучувајќи го и неговиот претседател Бошко Живковиќ. Тие ја обвинуват Владата за сериозни нарушувања на принципите на независниоста на Централната банка.
И покрај критиките од ЕУ и ММФ, владејачката коалиција протурка закон, со кој е предвидено создавање на контролно тело, кое ќе биде назначено од Парламентот, ќе има големи надлежности и ќе биде претставно во Извршниот совет на Банката. Законот исто така предвидува и Парламентот да го назначува целиот повисок менаџмент на Банката.
XS
SM
MD
LG