Достапни линкови

Евробарометар: Македонците задоволни од животот


Шеесет и четири проценти од Македонците генерално се задоволни од животот што го имаат во моментов, покажува најновото истражување Евробарометар спроведено по барање на Европската комисија.
Македонија во сите параметри котира подобро од земјите од Југоисточна Европа. Во над половина од параметрите Македонија има подобри резултати од земјите членки на ЕУ.
Според резултатите од анкетата, најнезадоволни од животот меѓу членките на ЕУ се граѓаните на Грција (68 проценти), Полјаците (66), Бугарите и Унгарците (58 проценти), Романците (51 процент). Најзадоволни се Финците (94 проценти), Данците (91 проценти), Германците (89 проценти).

Македонците се поголеми оптимисти од жителите на ЕУ дека животот ќе им се подобри во наредните 12 месеци. Тоа го очекуваат 35 отсто од анкетираните македонски граѓани наспроти 23 проценти во ЕУ.

Економијата и невработеноста и натаму се двата најголеми проблеми и за жителите на ЕУ и за македонските граѓани.

Истражувањето Евробарометар било спроведено во мај годинава и со него биле опфатени по над илјада испитаници во секоја земја.
XS
SM
MD
LG