Достапни линкови

logo-print

Нема да има отпуштања во јавниот сектор во Грција


Нема да има отпуштања во јавниот сектор, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас по денешната средба со претседателот на државата Каролос Папуљас.
Стурнарас не ја исклучи можноста извесен број од вработените да бидат ставени во резерва затоа што „бројките не се совпаѓаат лесно“, посочувајќи на обврската на Владата од меморандумот да намали 150 илјади јавни службеници до 2015 година.

Тој информира дека се уште не се најдени четири милијарди евра од 11,5 милијарди што треба да се заштедат во наредните две години.

Стурнарас нагласи дека најважно за земјата сега е „да остане во игра“ и оти „големото решение“ за должничката криза во еврозоната е блиску.
XS
SM
MD
LG