Достапни линкови

logo-print

СЗО- Во Сирија нема лекови


Светската здравствена организација соопшти дека Сирија се соочува со сериозни недостатоци на лекови за лекување на хронични заболувања. Од таму соопштуваат и дека се зголемува бројот на повредени од конфликтот меѓу владините трупи и бунтовниците и дека и за нив се потребни лекарства. Портпаролот на светската организација соопшти дека се потребни лекови за туберкулоза, висок притисок, дијабетес и рак, како и за хемодијализа за бубрежно болните. Од организацијата велат дека аптеките се затворени, а здравствените установи не функционираат.
XS
SM
MD
LG